Германците не грешат двапати – Демонстрација на моќ во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација и покрај желбата не успеа вторпат да ја изненади фудбалски моќната Германија која вечерва на „Тодор Проески“ се реваншираше за поразот во Дуизбург од 1-2.

„Панцирите“ демонстрираа целосна фудбалска доминантност, па и покрај доброто прво полувреме на Македониај во вториот дел успеаја комплетно да ги искористат индивидуалните грешки во македонската одбрана за да заслужено дојдат до победата.

За Македонија остануваат последните два натпревари во квалификациите, во ноември против Ерменија и Исланд во желбата да се дојде до посакуваното второ место кое носи бараж за СП 2022.

 

Се вчитува...