Германците подобри од Саудиска Арабија пред заминување за Русија

Германија славеше со 2-1 против Саудиска Арабија на последниот дуел пред заминувањето на Светското првенство во Русија.

Тимот на Јоаким Лев уште во првото полувреме си ја обезбеди победата. Најпрво со голот на Вернер во 8. минута, а потоа и со автоголот на Хавсави за водство од 2-0 пред полувремето.

Во второто полувреме противникот единствено што успеа е да го ублажи поразот со голот на Ал Јасим во 84. минута, по одбиената топка од нереализираниот пенал на Ал Сахлави.

Се вчитува...