Германците влегуваат во голгетерски ритам пред СП

Германија влегува во посакуваниот голгетерски ритам во пресрет на мундијалот откако „панцирите“ вечерва лесно и убедливо славеа над Финска со 4-0.

Нагелсман се реши да испроба одредени тактички замисли и речиси се му вроди со плод, неговиот тим доминираше и стигна до убедлива победа со погодоците што ги постигнаа Ундав (два), Вирц и Мусиала.

Германците во генералката пред стартот на СП 2026 ќе се сретнат со селекцијата на САД, дуел закажан за 6 јуни.

Избраниците на Нагелсман првиот меч на мундијалот го играат на 14 јуни против аутсајдерот Курасао.

Се вчитува...