Германците во шок: Неверојатен пресврт на Хрватска за полуфинале на ЕП

Ракометарите на Хрватска си обезбедија полуфинале на Европското првенство 2020 откако во вториот натпревар од главната фаза со неверојатен пресврт славеа против Германија со 25-24.

Хрватите по првото полувреме имаа негатива од 10-13, но со феноменално второ полувреме буквално во последните минути со головите на Домагој Дувњак и Игор Карачиќ на 70 секунди пред крајот дојдоа до победата од 25-24.

На тој начин „коцкестите“ веќе имаат 6 бода, заедно со Шпанија доволно за полуфинале на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Се вчитува...