Герсон Родригеш си најде нов клуб

Искусниот 31-годишен офанзивец Герсон Родригеш кој пристигна во главниот град како огромно засилување од кое се очекуваше да донесе екстра-квалитет во нападот, соработката со Вардар ја заврши по само три месеци. Поради неисполнетите очекувања на двете страни, клубот и фудбалерот спогодбено го раскинаа договорот.

Луксембуршкиот интернационалец не чекаше долго за нов ангажман и реши да се врати во Украина, каде што претходно имаше забележителни настапи. Родригеш потпиша официјален договор со екипата на Зорја Луганск.

Клубот во моментов се наоѓа на осмото место во украинскиот шампионат, а со ангажманот на крилниот напаѓач се надеваат дека ќе ги засилат позициите во борбата за излез на европската сцена следната сезона.

Се вчитува...