Денеска во салата „26.април“ во Гевгелија се одигра третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот за потполување за место во Првата македонска лига, помеѓу екипите на КК Гевгелија и КК Шар Планина од Гостивар.
Во коректен и неизвесен натпревар, победата ја извојува екипата на Гевгелија, која на тој начин со резултат (2-1) ја затвори серијата и се избори за прволигашки статус во наредната натпреварувачка сезона.
Гостите од Гостивар одиграа подобро во првите десет минути од оваа „мајсторка“, го решија во своја корист првиот период со резултат (18:15). Но во второто полувреме, се беше поинаку.
Десет минути од финалето во кои гевгелчичани остварија потполна играчка, и резултатска доминација. Во тој дел од играта домашната екипа не само што направи комплетен резултатски пресврт, туку обезбеди и двоцифрена предност на полувремето (38:27).
Одиграа со максимален ангажман и во продолжението од натпреварот, особено во одбраната, и веќе по три одиграни четвртини нивното водство беше уште повисоко (51:36), и недостижно за екипата на Шар Планина.
Колев, со 15 реализирани поени го предводеше победничкито тим. Божинов и Старделов додадоа по 12, Костадинов уште 10, а Лазаревски го заврши мечот ос осум поени.
Во екипата на Шар Планина, најефикасен беше Балоски, кој запиша 23.поени, Лаковски имаше 17. А Србиновски уште 11.поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
