Ги мина сите селекции на Германија, а сега ќе игра за Србија

Фудбалерот од средниот ред Лазар Самарџиќ, кој сезонава игра во одлична форма во Удинезе, во иднина ќе го носи дресот на националниот тим на Србија. Самарџиќ е роден во Германија, и ги минал сите селекции на „елфот“, меѓутоа се одлучил сениорски да настапува за Србија.

Тоа го потврди и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ кој истакна дека ќе му испрати повик на Самарџиќ, но дури по завршувањето на Мундијалот во Катар.

„Бев да го гледам, а претходно разговарав со него. Има желба да игра за Србија, и ние ќе го повикаме во март идната година да дебитира“, рече Стојковиќ. 

Самарџиќ во минатото беше дел од екипите на Херта и Лајпциг пред да потпише за Удинезе, за кој сезонава постигна два гола.

Се вчитува...