Гибралтар ја шокираше Ерменија, златна шанса за Македонија за ЕП

Аутсајдерот Гибралтар ширум ги отвори вратите на Македонија за освојување на првото место во групата од Лигата Д, откако ја совлада Ерменија на гости во Ереван со 0-1. Жозеф Чиполина од пенал во 50.минута од средбата го постигна единствениот гол за Гибралтар за историски триумф во Лигата на нации.

Ниту Мхитарјан, ниту Барсегјан, ниту останатите ерменски репрезентативци не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на Гибралтар на овој меч.

Сега пред Македонија е голема шанса за првото место, кое може да биде заверено со уште две победи. Првото место носи во плејоф разигрувањето во Лигата Д за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Се вчитува...