Гинисовите рекорди на Чоло – Атлетико Мадрид нема примено гол против Гетафе во ерата на Симеоне

Атлетико Мадрид изгуби два бода во борбата за титула со Реал Мадрид и Барселона, откако синоќа ремизираше без голови на гостувањето кај Гетафе.

Сепак, и покрај тоа што не успеа да стигне до трите бода, тренерот на „душекчиите“, Диего Симеоне испиша историја и можеби и постави нов „Гинисов рекорд“ во фудбалот.

Имено откако Аргентинецот го презеде кормилото на тимот од главниот град на Шпанија, тој нема примено ниту еден гол во мечевите против Гетафе.

 

Се вчитува...