Борусија Дортмунд се пофали со најновото засилување откако германскиот гигант го потпиша суперталентираниот 19-годишен грчки фудбалер Константинос Карецас.
Овој тинејџер важи за еден од најдобрите млади играчи во фудбалска Европа по двете одлични сезони во Генк, што беше причина челниците на Борусија да тргнат во тотална офанзива и да издвојат дури 33 милиони евра за да го осигураат неговиот потпис.
Карецас уште се нема обратено пред германските медиуми, но неговиот трансфер е хит и поради фантастичната видео-најава што ја објави Борусија Дортмунд, сместена во гиро-ресторан во овој германски град.
Во спотот покрај Карецас се појавува и клупската легенда Кевин Гроскројц… Вреди да се погледне…
Einmal die 19, bitte! 🙂 pic.twitter.com/g7tDEcyHVV
— Borussia Dortmund (@BVB) August 3, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
