Гирона му одзема значајни бодови на Реал Бетис

Реал Бетис го забележа шесттото реми во сезоната откако ремизираше против Гирона со 1-1 во 13. коло.

Ванат со гол во 20. минута донесе гостинска предност, а истата беше задржана се до 75. минута кога Гомез на асистенција на Иско изедначи на 1-1. Во судиското продолжение на второто полувреме домаќините останаа и со фудбалер помалку откако директен црвен картон по груб прекршок доби Ентони.

Со ова реми Реал Бетис испушти значајни бодови во битката за место во европските натпреварувања, додека Гирона стигна до златен бод во битката за опстанок.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...