Гиру со супер-гол му донесе победа на Милан во 89. минута, синот на Малдини за малку ќе го казнеше „својот тим“ (ВИДЕО)

Милан успеа да извлече победа над Специја во 13. коло од Серија А, благодарение на голот на Французинот Оливер Гиру во 89. минута за триумф од 2-1.

Миланезите поведоа со голот на Тео Хернандез во 21. минута од средбата.

Но, во второто полувреме Специја успеа во 59. минута да израмни со прекрасниот погодок на Даниел Малдини. Малдини е всушност фудбалер на Милан кој игра на позајмица во Специја, а е вториот син на легендарниот Паоло Малдини, директорот на Милан.

 

Сепак, Милан успеа да се извлече до триумф со голот на Гиру во 89. минута за 2-1 и нови три бода.

 


Се вчитува...