Гласнер по големиот триумф над Ливерпул: Морате да уживате во овие моменти

Кристал Палас продолжи да импресира со својата игра под водство на Оливер Гласнер нанесувајќи го првиот пораз на Ливерпул во Премиерлигата во 6. коло со што воедно остана и единствената непоразена екипа во силното натпреварување.

Австрискиот стратег не го криеше задоволството од големата победа велејќи дека треба да се ужива во овие моменти кога лондонскиот клуб ги живее најдобрите денови во историјата.

„Мислам дека првото полувреме беше најдоброто полувреме откако дојдов. Кога играте против шампион секогаш знаете дека може да се повлечете, а тие да постигнат гол во завршницата. Во второто полувреме имавме голем протисок и имавме среќа во една или две ситуации. Послед примениот гол останавме со кренати глави и ја променивме ситуацијата. Поради тоа премногу сум горд на овие момци.

Ја заслуживме победата. Кога говориме за нашата личност, ние секогаш одиме на победа. Сите кои се блиски на клубот се наградени. Играчите покажаа голема самодоверба. Имавме многу втрчувања, квалитетни додавања, трк во шестнаесетник. Ќе го анализираме натпреварот и ќе ја искористиме позитивата. Морате да уживате во овие моменти, со спротивно ќе се запрашате што работите“, изјави Гласнер.

Се вчитува...