Главчев и Србиновски ја продолжија верноста на Академија ФМП

Горан Главчев и Дејан Србиновски продолжуваат да го носат дресот на Академија ФМП и во наредната сезона.

Главчев кој во својата кариера настапуваше за Кожув, Младост Земун, Блокотехна и изминатата сезона го носеше дресот на Работнички, е подготвен да биде дел од еден нов предизвик.

„Претходната сезона поминав нецели два месеца во клубот и со мене понесов убави впечатоци. Сега имаме нов тренер со кој што досега немам соработувано меѓутоа за неговата работа имам слушнато само пофални зборови и ќе ми биде чест да бидам дел од таков еден предизвик“ – вели Главчев.

Србиновски кој веќе трета сезона по ред ќе го носи дресот на Академија ФМП, во својата професионална кариера има настапувано за екипите на Вардар и Куманово каде што соработуваше со новиот тренер Петровиќ и е запознаен со неговиот начин на работа.

„Ми претставува задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП и во наредната сезона. Се надевам на успешна сезона и подобри резултати од изминатата и дека ќе ги оправдам очекувањата од тренерот Петровиќ“ – истакнува Србиновски.

Се вчитува...