Главоболка за Зидан: Варан ги пропушта Ливерпул и Барса!

Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен во одбранбената линија за вечерашниот дуел со Ливерпул откако „кралевите“ по Серхио Рамос останаа и без вториот стандарден централен дефанзивец. Рафаел Варан го очекуваат најмалку десет дена надвор од терените откако францускиот дефанзивец бил позитивен на Covid-19 на задолжителното тестирање пред дуелот со Ливерпул.

Реал Мадрид го потврди најновиот позитивен случај во своите редови, објавувајќи дека Французинот веднаш заминал во самоизолација во својот дом. Во отсуство на Варан и на Рамос, Зидан нема избор и ќе мора да експериментира со тандемот Начо – Милитао во последната одбранбена линија.

„Кралевите“ ги очекува пеколен распоред ако се знае дека меѓу двете средби со Ливерпул викендов ќе го играат и големото шпанско дерби против Барселона, пресметка што Варан и Рамос исто така ќе ја пропуштат.

Се вчитува...