Наместо мирно да се следи натпреварот меѓу Германија и Шкотска во Мајнхајм, се случил немил настан бидејќи тројца навивачи биле избодени со нож. Според полицијата, сторител на ова дело бил човек кој и претходно со нож им се заканувал на луѓето.
Напаѓачот замавнал со нож, а потоа влегол во дворот каде се гледал натпреварот и почнал да ги боде навивачите. Несреќните луѓе не знаеле што ги погодило, панично избегале, а подоцна било откриено дека напаѓачот веќе убил еден човек на друга локација.
Полицијата пристигнала на местото на настанот, но напаѓачот ги нападнал и полицајците, а портпаролката на полицијата за „БИЛД“ изјавила дека било употребено и огнено оружје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА