Во последниот натпревар од осмото коло во Првата Македонска фудбалска лига, Брегалница пред своите гледачи со минимални 1:0 го совлада тимот на Скопје.
Човек на одлука беше Иван Глигоров кој во 72-та минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Скопје имаше одлична шанса да дојде до израмнување во 76-та минута, но ударот на Гордиќ од десетина метри го одбрани голманот Јашар.
По третата победа сезонава, Брегалница скокна на шестото место на табелата со 10 освоени бодови, додека Скопје е последен со три освоени бодови. Згора на тоа, Скопје е единствена екипа без победа по првите осум кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
