Глигоров потпиша за новиот романски прволигаш Дунареа

Довчерашниот фудбалер на Силекс, Филип Глигоров во следната сезона ќе биде дел од новиот романски прволигаш Дунареа Калараши.

24-годишниот Глигоров денеска и официјално потпиша едногодишен договор со Дунареа, со можност потоа истиот да биде продолжен за уште една година.

Во својата кариера претходно Глигоров, покрај за Силекс, настапуваше и за Работнички, Еуромилк ГЛ, Шкупи и Силекс на домашната сцена, како и за словачкииот Бањик, и Олимпик Сараево во првенството на БиХ. Беше дел и од младите репрезентации на Македонија.

Се вчитува...