Глигоров си замина од Феризај

Филип Глигоров повторно е слободен играч откако македонскиот дефанзивец реши да си замине од косовскиот прволигаш Феризај чии бои ги бранеше во последните три сезони.

Нашиот интернационалец беше меѓу најзаслужните што Феризај успеа да се врати во елитното друштво, Глигоров сезонава беше дел од овој тим во Првата лига, но сепак реши на крајот од сезонава да се раздели од косовскиот клуб.

Неофицијално, за услугите на овој квалитетен и искусен фудбалер се интересираат неколку домашни клубови, Глигоров има и опција за нов ангажман во странство, но барем засега приоритет му е камбек во Македонија.

Филип Глигоров на домашната сцена ги бранеше боите на Вардар, Работнички, Силекс и Шкупи, а има и сосема солидна интернационална кариера пред Феризај настапувајќи и во Словачка, потоа во романска Дунареа, за Олимпик Сараево во шампионатот на БиХ како и за албанскиот прволигаш Кукс.

Се вчитува...