Глупоста на Насри што можеби ја чинеше Севилја пласман понатаму…(ВИДЕО)

Французинот Самир Насри повторно го покажа својот лабилен карактер, откако избувна во дуелот со Џејми Варди и заработи исклучување во 74.минута од средбата. Тој се обиде да тера своја правда, иако веќе имаше еден жолт картон, и со глава го удри Варди, кој патем и добро ’одглуми’ за силината на добиениот удар.

Глупоста на Насри можеби беше и клучна за елиминацијата на Севилја од Лигата на шампионите. Тимот на Хорхе Сампаоли ќе имаше многу повеќе шанси да постигне гол во завршницата, доколку Насри не полудеше предвреме…

Се вчитува...