Глупостите на Кариус немаат крај (видео)

Лорис Кариус не може да побегне од навиката да прави глупости на голот на Бешикташ, па екс-голманот на Ливерпул се посрамоти и на гостувањето против Слован Братислава во првото коло од Лигата на Европа.

Едно долго исфрлање на домашниот тим требаше да биде безопасно, но Кариус стапи на сцена, истрча од шеснаесетникот, ја промаши топката, воедно и го исфрли од игра својот соиграч од одбраната, по што Шпорар немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...