Гнабри: Ни пречи поразот од Македонија, но утре играме меч за пласман на СП

Фудбалерот на германскиот национален тим Серж Гнабри, на денешната прес-конференција пред заминувањето во Македонија рече дека и натаму го памети поразот од првиот меч, но дека утре е посебен натпревар затоа што Германија има шанса да го обезбеди учеството на Мундијачот.

„На сите ни пречи тоа што загубивме. Тој пораз не можеме да го заборавиме, но имаме пред себе нов натпревар. Знаеме дека имаме шанси за пласман на Светско првенство, и тоа е нашата цел.

Гнабри ја коментираше филозофијата на новиот селектор Флик, кој го лансираше во Баерн Минхен како стандарден првотимец.

„Филозофијата на Ханси е малку подлабока офанзива. Мислам дека добро го покажавме на последниот меч. Имаме прогрес во последните неколку меча, и тоа е евидентно, и филозофијата на Флик придонесе за тоа“, изјави Гнабри.

Се вчитува...