Серж Гнабри ја потврди најлошата можна вест за него во моментов, германскиот репрезентативец нема да може да настапува за Баерн Минхен до крајот на сезонава, но и уште поважно – нема да биде дел од германскиот национален тим на СП 2026.
Трагедија да е уште поголема, Гнабри се повредил при тренирање пенали по завршувањето на регуларниот дел од тренингот на Баерн, деталните прегледи покажаа сериозно кинење на мускулни влакна, по што се препорачува пауза меѓу два и три месеци.
„Ми беше многу тешко во последните денови. Сезоната на Баерн во која уште имаме многу за играње откако ја осигуравме титулата. И мундијалскиот сон со германската репрезентација. Сон што за мене за жалл е завршен. Како и остатокот од земјата, јас ќе ги бодрам момците од дома, пред телевизор. Сега е време да се фокусирам на репрезентацијата и да бидам подготвен за предсезоната. Благодарам за сите пораки со поддршка“, порача Серж Гнабри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
