Гнабри се збогува со Баерн, следна дестинација е Мадрид?

Баерн Минхен и дефинитиво нема да се согласи на зголемување на платата на Гнабри, што значи дека германскиот репрезентативец може да го напушти клубот. Давид Алаба пред една година стигна во Реал Мадрид како слободен фудбалер, а по истиот принцип „кралевите“може да договорат уште една ѕвезда на „баварците“.

Гнабри има договор со Баерн до јуни 2023 година, доколку клубот не го продаде ова лето, тогаш наредната година тој како слободен играч ќе замине од Минхен како слободен агент. Со актуелниот договор тој годишно заработува 8 милиони евра. Според весникот „Билд“, Баерн понудил огромни 19 милиони евра плата за крилниот офанзивец, но Гнабри ја одбил и оваа понуда, со што ги налутил челниците на баварскиот гигант.

Баерн нема намера да ја зголеми понудата и ќе го стави Гнабри на трансфер-листа, а фаворит во оваа трка според германските медиуми е Реал Мадрид. „Кралевите“ се решени да ја засилат навалната линија и веруваат дека Гнабри може одлично да се вклопи во тактичките замисли на тренерот Анчелоти, особено што ќе биде достапен за сума од околу 40 милиони евра.

За Баерн пак ова ќе значи продолжување на заминувањето на клучни играчи по најавениот трансфер на Левандовски во Барселона.

Се вчитува...