Го допре дното: Месут Озил отстранет од првиот тим на Фенербахче

Месут Озил по паузата која ја имаше поради повреда се врати на терените на крајот на месец февруари, но веќе во вториот натпревар како стартер за Фенербахче предизвика скандал кој може да го седне на трибините до крајот на сезоната.

Имено, поранешниот германски репрезентативец не ја прифатил добро одлуката на тренерот Исмаил Картал да го седне на клупата по првото полувремето од мечот помеѓу Коњаспор и Фенербахче па се одлучил да го критикува тренерот во медиумите. Оваа одлука пак не ја прифатил добро клубот кој за целата ситуација излезе со соопштение.

„Информација за медиуми: Нашите играчи Месут Озил и Озан Туфан се отстранети од првиот тим по одлуката донесена од менаџментот“, втои во краткото соопштение.

Ригорозната одлука е применета и за Озан Туфан кој влегол во игра во 90. минута, нешто што не му се допаднало па се одлучил да ги следи стапките на Озил и јавно да го критикува тренерот.

Се вчитува...