Го елиминираше Атлетико од ЛШ, се пласираше во 1/8 финалето, па доби отказ

Екипата на Бриж го отпушти тренерот Карл Хоефкенс и покрај тоа што успеа оваа сезона да го однесе тимот во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, откако во групната фаза го исфрли шпанскиот гигант Атлетико Мадрид.

Неговиот отказ доаѓа откако тимот има низа на лоши резултати во домашниот шампионат во Белгија. Чашата се прели по поразот од 1-4 од Сент Труден на домашен терен во белгискиот Куп минатата недела, и ремито 1-1 со Лувен во првенствениот меч вчера. Бриж во моментов е далеку од врвот, на четвртото место со 12 бодофи заостанување од првата позиција.

Хоефкенс на клупата на Бриж беше само шест месеци, откако како помошник го замени Алфред Шредер кој го презеде кормилото на Ајакс.

Хоефкенс успеа со три стартни победи во групната фаза да го пласира тимот во 1/8 финалето, а групата ја завршија како второпласирани зад Порто, а позади нив останаа Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...