Го елиминираше Реал Мадрид, има 41 година и вреди 50 илјади евра – Кој е херојот на Алкојано?

Реал Мадрид доживеа вистински срам откако беше елиминиран во шеснаестфиналето на шпанскиот Куп од третолигашот Алкојано по продолженија со 2-1. Еден од најзаслужните за успехот на малиот тим беше голманот Жозе Хуан Фигуерас, кој испиша историја откако стана чувар на мрежа со најголем број на одбрани против кралскиот клуб, вкупно 10, па се отвори прашањето кој е „легендарниот“ голман?

 

Со 41-година, Фигуерас е престар дури и за голман. Интересно, но дури три клуба за кои што бранел во својата кариера веќе не постојат. Гранда 71, Агуилас и Сидад Мурсија се ликвидирани, а и останатите клубовите чии бои ги бранел не се гламурозни, па во својата 23-годишна кариреа има одиграно само еден натпревар во Примера во дресот на Селта.

„Кралот на провинцијата“, како што го нарекоа шпанските медиуми, вреди само 50 илјади евра, а по две децении конечно ја дочека својата слава, која наместо 15, траеше 120 минути. По ждрепката која на третолигашиот му го додели најтрофејниот клуб во историјата на фудбалот, се очекуваше Фигуерас да го помни мечот по рекордниот број на голови во својата мрежа, но Шпанецот, кој е во залез на својата кариера, место тоа ќе има прекрасен спомен.

Се вчитува...