Да се игра за Реал Мадрид е исполнување на сонот на секој фудбалер. Но, кога се игра со репрезентацијата на еден Мундијал е исполнување на уште еден сон и желба на секој фудбалер на планетава.
Но, фрустрацијата е огромна кога се игра за „кралскиот“ клуб стандардно, твојата селекција да игра на Светското првенство, а ти да не си во тимот. Уште поголема е фрустрацијата ако се знае дека си ја променил репрезентацијата, само да играш за друга земја.
Така сонот се претвори во „кошмар“ за Дин Хујсен. Стоперот на „кралевите“ направи трансфер на почетокот на сезоната во Реал Мадрид. Се чинеше дека Шпанија во него гледа иден стопер, меѓутоа Луис де ла Фуенте не го вклучи на списокот на патници за Мундијалот.
Интересен е податокот што Хујсен можел да игра за друга репрезентација. Тој е роден во Амстердам, неговите родители се од Холандија, меѓутоа порасна во Шпанија. Младинските категории ги минува во таборот на „лалињата“, а потоа се одлучува да игра за „фуријата“. Дали тоа е најголемиот губитник?
Во моментов Холандија има проблеми на стоперската позицијата. Ван Дајк е веќе во зрели години, Аке не играше стандарно во Манчестер Сити сезоната, а Де Лихт, пак, долго време е повреден. Исто така долго време во селекцијата го нема и Стефан де Фрај. Со тоа Хујсен сигурно ќе имаше место во тимот, меѓутоа вака ќе остане да го гледа Мујндијалот само на телевизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
