Кошаркарот на Оклахома сити тандер Џејлен Вилијамс е казнет од НБА. По спектакуларната серија во која видовме седум натпревари, Оклахома Сити Тандер го исфрли Денвер Нагетсс о убедливат победа во мајсторката.
Денвер Нагетс не издржаа на ова „пеколно“ патување и го загубија седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција од Оклахома Сити Тандер со 125-93. Џејлен Вилијамс во оваа победа учествуваше со 24 поени и само Шеј Гилџс-Александер беше поефикасен од него, а по завршувањето на серијата, НБА се огласи и го казни Вилијамс.
Тој е казнет со 25.000 долари затоа што носел маица со вулгарен натпис: „Ти си е*ена уметност, ајде да танцуваме“.
Оклахома регуларниот дел од сезоната го заврши со 68 победи и 14 порази, а во финалето на Западот ќе игра со Минесота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА