„Го мразам Душко Ивановиќ, тој е еден од најлошите тренери кои сум ги имал“

Кошаркарот на Фенербахче, Вејд Болдвин беше гостин во подкастот „Евро Инсајдерс“, каде што се потсети на деновите што ги мина во Басконија и соработката со Душко Ивановиќ.

Болдвин без двоумење призна дека односот меѓу него и искусниот црногорски тренер никогаш не функционирал.

„За жал, Душко ми беше тренер таму. Го мразам. Не го сакам. Тој е еден од најлошите тренери што некогаш сум ги имал“, рече американскиот дефанзивец.

Тој објасни како не успеал да се пронајде во системот на игра што го барал Ивановиќ и верува дека тренерот не бил подготвен да го прилагоди својот начин на работа на квалитетите на играчите што му се на располагање.

„Секој тренер има своја филозофија. Дојдов од Баерн каде што играта во голема мера се вртеше околу мене. Не можев да ја најдам мојата игра кај него, а тој не беше подготвен да отстапи од својот систем“, рече Болдвин.

Тој додаде дека според него, врвен тренер мора да знае како да го прилагоди тимот на играчите што ги води.

„Добар тренер е оној кој знае како да се прилагоди на своите играчи“, рече Американецот.

Шпанските медиуми потсетуваат дека несогласувањата меѓу Болдвин и Ивановиќ не се ништо ново и дека двајцата имале одредени проблеми во комуникацијата за време на нивниот заеднички престој во Басконија.

Се вчитува...