Го нема Пикси, па сега Тадиќ пак ќе игра за Србија

Селекторот на српската репрезентација, Вељко Пауновиќ заврши одлична работа убедувајќи го Душан Тадиќ да се врати назад во националниот тим на нашиот северен сосед.

Големиот ас извесен период беше капитен на репрезентацијата, но на ЕП во Германија влезе во отворен конфликт со селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, по што самиот се повлече од националната селекција. Во меѓувреме Пикси доби отказ, а на негово место пристигна Пауновиќ, кој по неколкуте разговори со искусниот напаѓач доби зелено светло за негов камбек во репрезентацијата.

Тадиќ, кој летово се пресели во холандскиот НЕК Нијмеген, ќе се најде на списокот на селекторот за првите четири натпревари од новото издание на Лигата на нации.

Србија на 24 септември во Белград ќе ја пречека Грција, а три дена подоцна ќе биде домаќин и на Холандија. Пеколно тешка задача избраниците на Пауновиќ ги чека на почетокот од наредниот месец, на 1 октомври Србите гостуваат на Германија во Минхен, а потоа на 4 октомври во Ајндховен гостува на Холандија.

Се вчитува...