Го победи Надал на Ролан Гарос, па „гуглаше“ како да изврши самоубиство

Поранешниот шведски тенисер Робин Содерлинг ќе остане запаметен како првиот што успеал да го совлада Рафаел Надал на еден меч од Ролан Гарос, во 2009 година. Швеѓанецот две години по ред стигнуваше до финалето од францускиот гранслем турнир, но потоа во 2015 неочекувано објави дека ја завршува кариерата на 31-годишна возраст.

Како причина за ваквата одлука беше наведена мононуклеоза, но Содерлинг неодамна призна дека имал сериозни психолошки проблеми бидејќи премногу често размислувал за самоубиство.

„Имав постојана анксиозност, ме јадеше одвнатре. И најмал звук создаваше паника во мојата глава… од телефонско ѕвонење треперев од страв, еднаш поштарот пушти писмо низ вратата, а јас легнав на земја од страв. Играњето тенис веќе не беше дел од моите мисли. Се повеќе време минував плачејќи, се случуваше да не излезам на терен бидејќи не бев способен за такво нешто. Ситуацијата дојде дотаму да почнам да „гуглам“ како да извршам самоубиство. Иако длабоко во душата не сакав да умрам, се беше подобро од животот во таков пекол“, открива Содерлинг дел од своите сериозни проблеми.

Се вчитува...