Екипата на Милан е сериозно заинтересирана за ангажирање на напаѓачот на Бриж, Никола Тресолди, кој вниманието врз себе го сврте по одличниот натпревар против Интер во Лигата на шампионите. Бриж направи сензација и на „Џузепе Меаца“ со 4:3 го совлада Интер, а Тресолди постигна три гола.
Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека тренерот и управата на Милан се импресионирани од игрите на Тресолди и ќе се обидат уште во зимскиот преоден рок да го донесат на „Сан Сиро“. Адут на Милан според весникот се емоциите кои ги има напаѓачот кој „росонерите“.
Но, за да дојдат до неговиот потпис, „росонерите“ ќе мора добро да платат, бидејќи интерес за Тресолди пројавуваат и Арсенал и Барселона.
Изминатото лето, Рома се обиде да го ангажира, но Бриж ја одби понудата од 35 милиони евра, а неговата вредност по добрите игри е зголемена на 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
