Го совладаа Сити, а сега Тотенхем „шокиран“ од Барнли (ВИДЕО)

Денеска се играат три натпревари од Премиер-лигата, а веќе два се одиграа во кои се случи едно изненадување. Барнли го совлада тимот на Тотенхем со 1-0. Истиот Тотенхем кој пред само неколку дена го „сруши“ Манчестер Сити, сега претрпе пораз од тим кој се бори за опстанок.

Стрелец на единствениот гол беше Ме во 71. минута. Избраниците на Антонио Конте во текот на целиот меч упатија само еден удар кон голот на противникот, што беше премалку. Барнли, пак, освои важни бодови за опстанок.

Во вториот натпревар, Ватфорд на домашен терен е поразен од Кристал Палас со 1-4. Матета го донесе во водство гостинот, а израмни Сисоко само три минути подоцна. Сепак, пред крајот на полувремето Галагер повторно донесе водство за Палас. Заха со два гола во финишот стави точка на мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...