„Го спасив Меси, му го дадов магичниот лек за да ги отстрани здравствените проблеми“

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси честопати знаеше да повраќа на теренот во претходните години. Во неколку наврати, камерата го фати аргентинскиот фудбалер како има мачини и повраќа, па многумина беа загрижени за неговото здравје.

Сепак, повраќањето на теренот е веќе минато, а Меси се ослободи од овој проблем благодарение на д-р Гилан Позер. Докторот ги сменил навиките во исхраната на фудбалерот на Барселона.

„Го спасив Меси, му го дадов магичниот лек за да ги отстрани здравствените проблеми. Работите како алкохол, брашно, црвено месо, газирани пијалаци и рафинирани житарки се целосно отфрлени. Тој користи чај ‘Јерба Мате’, зеленчук, сезонско овошје и минерална вода што му ги исполнува мускулите. Лео едноставно мораше да го ограничи внесувањето храна што е составена од пестициди, хербициди, антибиотици и лекови“, рече Позер.

Инаку, Д-р Позер претходно има работено со Гонзало Игуаин и Пауло Дибала и очигледно неговите методи функционираат.

Се вчитува...