„Го убиваме фудбалот, на деца од 7 години не им даваме да дриблаат“

Лионел Скалони испиша историја водејќи ја Аргентина до две мундијалски финалиња во низа, славејќи во првото во 2022 пред поразот на дуелот за златото со Шпанија на СП 2026.

Аргентинскиот стратег можеби е горд на изданијата на својата селекција, но истовремено е и загрижен за долгорочната иднина на фудбалот, пред се поради фактот на кој начин се гледа на овој спорт во последно време.

„Го убиваме фудбалот, ја губиме основната смисла на овој спорт, а тоа е играта… И тоа не само на професионално ниво, туку за жал и кај децата… Моите синови играат во Шпанија и од мали нозе добиваат премногу информации. Кога ќе ја примат топката, сите веќе им кажуваат што треба да прават… Гледам се помалку деца што земаат храброст да почнат да дриблаат. Зошто? Затоа што сите веднаш им велат: додај, додај… Замислите ако на Меси на седумгодишна возраст сите ми велеа цело време да додава. Тој не би бил ова што е денеска“, вели Скалони.

Според него, се е отидено предалеку со деца од најрана возраст…

„Вие на дете од седум-осум години му велите да „трча дијагонално“ или да „покрива простор пред играчот“. Тоа е дете од седум години, пуштете го да трча, да дрибла, да шутира, да прави грешки…. Па потоа, на 15-16 години направете ги корекциите. Ова е порака за иднината, ова сепак е спорт и убавината на фудбалот не смее да биде загубена“, порача аргентинскиот селектор.

Се вчитува...