Гобер го заразил и Мичел, останатите кошаркари на Јута негативни на Ковид-19

Францускиот кошаркарски интернационалец Руди Гобер беше првиот позитивен НБА играч на коронавирус, поради кого комисионерот на најсилната кошаркарска лига во светот, Адам Силвер мораше да го суспендира натпреварувањето.

Од тимот на Јута стигаат информации дека и првата ѕвезда на екипата од Солт Лејк, Донован Мичел е позитивна на Ковид-19. Покрај Гобер и Мичел ќе мора да биде во изолација следниот период.

Тестот кој бил спроведен на останатите кошаркари на Јута е негативен.

Се вчитува...