Францускиот кошаркар Руди Гоберт е првиот во НБА лигата со позитивен тест за коронавирус, поради што е прекинато натпреварувањето во САД. А, само неколку денови претходно Гобер го исмејуваше овој вирус на прес-конференција но и во соблекувалната на Јута џез пред своите соиграчи.
Американските медиуми денеска објавија дека неговите соиграчи се бесни на Гобер поради неговото однесување во соблекувалната кога намерно ги прегрнувал соиграчите обидувајќи се на тој начин да се шегува со коронавирусот. А, тоа шегување, на крајот, нему му се „удри од глава“…
По сето тоа вечерва се огласи и Французинот кој им испрати извинување на сите, порачувајќи дека воопшто не бил свесен дека може да биде заразен со коронавирус.
„Доста емотивно ја примив веста кога дознав за дијагнозата. Почувствува страв, нервоза и срам. Прво и најважно, сакам да им се извинам на луѓето кои можеби ги загрозив. Тогаш немав поим дека сум заразен. Бев непримерен, непретпазлив и нема оправдување за тоа. Се надевам дека мојата приказна ќе послужи како пример дека сето ова мора да се сфати сериозно, и без никакво шегување“ – порача Гобер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА