Гобер: Вистина е дека не комуницираме јас и Мичел, но…

Францускиот кошаркар Руди Гобер беше првиот во НБА лигата на кој му беше дијагностициран коронавирус. Тој се најде на остра критика од јавноста бидејќи само неколку дена претходно го исмејуваше опасниот вирус. По настанот тој не е во најдобар однос со своите соиграчи, а најмногу со првата ѕвезда на Јута Џез, Донован Мичел на кого исто така му беше дијагностициран Ковид-19.

„Вистина е дека со Донован не сме во добри односи. Но, знаете на крајот на денот и двајцата сме тука само за една цел, а тоа се победите“, изјави Гобер. 

За потсетување францускиот интернационалец беше првиот кошаркар во НБА лигата кој беше позитивен на коронавирус, по што натпреварувањето веднаш беше суспендирано.

Се вчитува...