Гобер неодамна се потсмеваше со коронавирусот, а сега е заразен… (ВИДЕО)

НБА лигата одлучи да ја прекине сезоната откако беше објавено дека францускиот кошаркар Руди Гобертима коронавирус. Делува неверојатно фактот дека само пред извесно време Гобер го исмејуваше коронавирусот, а сега е позитивен на тестот.

На прес-конференција неодамна намерно ги допираше микрофоните како би се пошегувал со новинарите, се потсмеваше со коронавирусот, а сега и самиот се зарази.

 

„Само што разговарав со Руди. Добро се чувствува, ве молам да не паничите“ – истакна неговиот добар пријател и соиграч од репрезентацијата на Франција, Еван Фурние.

И комплетната екипа на Торонто од синоќа е во карантин, поради што во понеделникот играше натпревар со Јута џез.

Се вчитува...