Диего Годин минатото лето пристигна како слободен играч од Атлетико Мадрид во Интер, Уругваецот требаше да биде „командант“ на одбраната на „нероаѕурите“, но соработката со Антонио Конте не се одвива според плановите. Последните информации говорат дека искусниот дефанзивец неодамна влегол во конфликт со тренерот, па сега ќе инсистира да му биде дозволено да си замине во текот на јануарскиот преоден рок.
Отсуството на Уругваецот од стартниот тим на последниот меч со Фиорентина само ги подгреа шпекулациите за нетрпеливост меѓу Конте и Годин, а ветеранот јасно ставил до знаење дека нема намера да продолжи да ја грее клупата на Интер. Останува да се види дали тој ќе остане резерви и на следниот натпревар против Џенова, што би го донело чекор наблиску до излезната врата од „Џузепе Меаца“.
Доколку тој реши да си замине, најсериозна опција е враќање назад во Атлетико Мадрид, клубот за кој настапуваше во последните девет сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА