Мотоклубот ,,Ендуро Тим Водно” од Скопје изминатава 2025 година повторно заврши на прво место во македонскиот шампионат во мотокрос! Со оваа титула дојде до својата вкупно 15-та титули од постоењето на клубот!
Со освоени 677 бодови од трите трки кои се оддржаа оваа година во Орман – Скопје и Смолево – Битола, „Ендуро Тим Водно“ се пласираше на првото место во целокупниот пласман од македонскиот шампионат во мотокрос за 2025 година, пред Мококлубот Вардар (565 бода) и Мотоклубот Гевгелија (307 бода).
Оваа е трета во низа шампионска тутула за клубот, што е огромен успех за еден мото клуб. „Ендуро Тим Водно“ од Скопје важи за еден од најтрофејните мото клубови, како во нашата земја така и во регионот.

Покрај освоенаа шампионска титула во Македонија, клубот може да се пофали и со одличните резултати на Европските шампионати. Поточно еден од најмладите членови на клубот Михаил Стојкоски се закити со титулата шампион во класата MX85 на Алпе Адриа – мотокрос шампионат, а со тоа се издвојува како единствен возач од нашата држава со таков резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

