Годишнина од најстраотната повреда во историјата – Мртов човек лежеше на терен, а тогаш… (ВИДЕО)

Пред 39 години на стадионот „Артемио Франки“ е видена веројатно и најстраотната повреда во историјата на фудбалот. Во второто полувреме на мечот меѓу Фиорентина и Џенова дојде до судар на домашниот фудбалер Џанкарло Антонини и голманот на гостите Силван Мартин.

Мартин го удри Антонини во глава, а тој остана да лежи неподвижен, а неговот срце на неколку секунди престана да чука. Некои фудбалери на теренот почнаа да плачат, а капитенот на Џенова, Клаудио Онофри почна да вика дека Антонини е мртов.

Меѓутоа на голема среќа се случи чудо. Докторите на Фиорентина и Џенова успеаја да го оживеат фудбалерот на Фиорентина кој веднаш беше пренесен во болница каде беше подложен на оперативен зафат на главата. Антонини по повредата успешно се врати на терените, а беше член и на репрезентацијата на Италија која во 1982 година го освои Светското првенство.

 

Се вчитува...