Годишното Собрание на РФМ закажано за 16 февруари

Првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, донесе одлука Редовното Годишно Собрание на куќата на ракометот да се одржи на 16 февруари.

„Врз основа на Член 23, а во согласност со член 32, 33 и 34 од Статутот на РФМ, Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, донесе одлука за закажување на Редовно Годишно Собрание на ден 16.02.2019 година (сабота) во 13:00 часот во Собрание на Град Скопје“ – се вели во краткото соопштение на официјалната веб-страница на РФМ.

Се вчитува...