Американската тенисерка Коко Гоф ја поддржа идејата за воведување задолжително генетско тестирање на тенисерките на ВТА-турнејата.
Таа предупреди дека начинот на кој се води дебатата за новото правило би можел да придонесе за нетрпеливост кон трансродовата заедница.
„Би рекла дека донекаде се согласувам со обидот да се заштити еднаквоста во женскиот спорт. Но, исто така, не ми се допаѓаат нападите што произлегуваат од тоа“, изјави Гоф.
Американката додаде дека, според неа, дел од реакциите не се мотивирани од грижа за интегритетот на спортот, туку од желбата да се нападне трансродовата заедница.
„Луѓето на кои всушност не им е грижа, само сакаат да го искористат ова како повод за напад врз транс-заедницата и тоа навистина не ми се допаѓа“, додаде Гоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
