Гофан го изненади Надал, но сепак Шпанија е полуфиналист

Рафаел Надал и покрај поразот во сингл од Давид Гофан, сепак и донесе полуфинале на Шпанија, откако со Карено Буст во одлучувачкиот дубл триумфираа над белгискиот пар Жил и Влиген со 2-1 по сетови 6-7, 7-5 и 10-7.

Претходно во сингл мечевите Давид Гофан направи сензација совладувајќи го првиот рекет на светот со  2-0 (6-4 и 7-6), додека Баутиста Агут беше сигурен против Копејанс со 2-0 (6-1 и 6-4).

Во полуфиналето Шпанија ќе игра со домаќинот Австралија, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Србија и Русија.

Се вчитува...