Ракометарите денеска заминуваат за Прешов, каде што утре во 19 часот го играат првиот бараж натпервар против селекцијата на Словачка за пласман на СП 2027 година во Германија.
Избраниците на Кирил Лазаров очекуваат добар резултат на првиот меч, а потоа на домашен терен да се обезбеди пласман на уште едно големо натпреварување.
На скратениот список на Македонија се најде и голманот Васил Гогов, кој ги очекува првите минути во дресот на репрезентацијата.
„За мене чест и задоволство е што првпат сум на скратениот список на сениорскат репрезентација. Да се биде дел од овој тим и да се тренира со најдобрите, да се добие шанса да се игра за Македонија на бараж за Светско првенство е нешто посебно. Се надевам дека ќе избориме пласман на Светското првенство. Овие денови работевме напорно и се подготвуваме максимално. Фаворити сме, но и Словачка како и секој противник заслужува репскет. Не смееме да потцениме никого. Одиме во Прешов да го дадеме максимумот и да покажеме зошто сме фаворити“, изјави Гогов.
Тој потоа очекува на реваншот да се комплетира целиот успех.
„Знаеме дека ја имаме најдобрата публика. Македонија живее за ракомет и веруваме дека трибините ќе бидат исполнети. Наша обврска е да возвратиме со најдобрата игра и на крајот заедно да се радуваме на нов пласман на Светско првенство“, рече голманот на нашата репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
