Ѓока: Тежок е тој премин од Тотенхем до Пелистер, но момците одлично надминуваат се

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока очекувано задоволен од победата на неговиот тим од 1-3 на гостувањето против Пелистер во 7. коло од ПМФЛ.

За лидерот во првенството ова гостување доаѓа по натпреварот во Лига Европа со Тотенхем, па носи тежина од посебен аспект за фудбалерите кои го надминаа на најдобар можен начин.

„За волја на вистината, ова воопшто не беше лесен натпревар. Противникот се обиде да ни се спротистави максимално и успеа во тоа. Натпреварот започна со брз гол за домашните во ситуација во која мораше да бидеме повнимателни. Но, како и да е, тимот реагираше добро и на крајот успеавме да дојдеме до целта. Мислам дека ваквите натпревари се позитивни од аспект на раст на тимот, мотивација и зацврстување на карактер“ – вели Ѓока, притоа дополнувајќи:

„Од Тотенхем до Пелистер, тоа се моменти кои мора да се надминат и поминат. Мислам дека секој од фудбалерите го дава максимимот и овие резултати се заслуга само на момците“.

Се вчитува...