Ѓоко Хаџиевски, тренер на колото во Обединетите Арапски Емирати

Македонскиот фудбалски стратег Ѓоко Хаџиевски многу брзо ја покажа својата класа во Обединетите Арапски Емирати. Ја оствари првата победа на кормилото на Ал Дафра, неговиот тим клуб во оваа земја, и веднаш е избран за тренер на колото во првенството на ОАЕ.

Хаџиевски, заедно со своите соработници, Никола Аврамовски и Горазд Михајлов, го презедоа тимот на Ал Дафра на последната позиција, со мисија да се обидат обезбедат опстанок, и направија голем чекор напред со триумфот од 2-0 протов Диба Ал Фуџаирах, кој е еден од главните конкуренти за опстанок.

„Ѓоко Хаџиевски заслужено е избран за тренер на колото, откако со тимот на Ал Дафра го победи директниот конкурент за опстанок Диба Ал Фураирах. Тој мудро го водеше својот тим од почетокот, па се до крајот на натпреварот и успеа да оствари круцијална победа со која е прекината лошата серија на Ал Дафра во првенството“, се вели во најголемиот весник „Ал Итихад“, кој традиционално ги избира најдобрите единаесетмина од секое коло и најдобриот тренер.

Се вчитува...