Ѓоковиќ без проблеми против Германецот Штруф, Чориќ во пет сета го елиминираше Циципас

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше меѓу шеснаесетте најдобри на УС опен, откако во третото коло беше подобар од Германецот, Жан Ленард Штруф. Србинот рутински го доби противникот со максимални 3-0 (6-3, 6-3 и 6-1) и во ниту еден момент не му дозволи на германскиот тенисер да се понадева дека може да биде во егал. Пласман во осминафиналето во машкиот ждреб обезбедија и Александар Зверев, Давид Гофан и Денис Шаповалов.

Хрватот Борна Чориќ, пак, во драматичен меч во пет сета го елиминираше Гркот Циципас. Чориќ губеше со 1-2 во сетови, а потоа последните ги доби со 7-5,7-6(4) за пласман во следното коло.

Кај дамите без поголеми проблеми во следното коло се пласираа Наоми Осака која беше подобра од Украинката Костјук со 2-1 (6-3, 6-7 и 6-2), како и Анџелик Кербер и Елис Мертенс.

И Квитова се пласираше во следното коло лесно славејќи во два сета, со 6-4,6-3 против Американката Пегула.

Се вчитува...